Се продава раскошна вила на Водно со површина од 750 m², распоредена на 3 нивоа, со 4 спални соби од кои секоја со своја бања. Со огромен дневен престој со дел за чај и кафе покрај камин, со поглед на дворoт. Засебна кујна, повеќе тоалети и бањи, големи тераси со убав поглед. Исто така содржи повеќе помошни простории, како перална, hobby room итн. Има високo ниво на приватност во најатрактивниот резиденцијален дел на Водно, во опкружување на повеќе амбасади. Изградена на целосно оградена парцела од 1400 m² со надворешен базен во дворoт со сите пропратни објекти и простории за негово користење. Цена по договор