Се издава комфорен и целосно реновиран стан во Капиштец, веднаш до Беверли Хилс, во воените згради. Станот има 63 м² грејна површина и голема тераса од 13 м² ориентирана на исток (вкупно 76 м²), сместен на тивка улица опкружена со зеленило и големи брези кои во лето обезбедуваат приватност. Во близина има маркети, паркови, трговски центри и многу зеленило. Станот располага со пространа дневна со трпезарија и отворена кујна со шанк, големи прозорци со природна вентилација и излез на големата тераса. Има и работен агол погоден за работа од дома, комотен ходник со вградени плакари, едно купатило и голема спална соба со дополнителен мултифункционален простор. Опремен е со две клими и нова бела техника под гаранција. Се издава на минимум една година.
Контакт: +38970242564