Се продаваат нови апартмани во изградба во Калитеа, Халкидики. Проектот е во почетна фаза, што претставува совршен момент за инвестиција.
Слободни за продажба се уште 4 апартмани, распоредени на ниво сутерен, 1-ви кат и 2-ри кат. Апартманите се со површина од 33 m² до 35 m² и располагаат со дневен престој со кујна и трпезариски дел, посебна спална соба, модерно организирана и опремена бања и 2 тераси.
Објектот е сместен на 700 метри од морето и располага со сопствен паркинг простор пред зградата. Апартманите ќе бидат вселиви за една година и ќе се испорачаат комплетно наместени со мебел, клима уреди, соларен систем за топла вода и комарници.