Се продаваат 3 мезонети во Каливес

GR-APT-023

€250000

Бастион недвижности продава мезонети во нов атрактивен комплекс од мезонети во изградба во Каливес, Халкидики. Комплексот е сместен на одлична локација помеѓу Касандра и Ситонија, опкружен со тиркизно сино море и златни песочни плажи.

На продажба се слободни уште 3 мезонети, од кои 2 се во првиот ред на комплексот со поглед на море (по цена од 270.000 €), а 1 е во вториот ред (по цена од 250.000 €).
Комплексот се наоѓа на само 60 метри од прекрасната плажа, а во радиус од 100 метри има таверни, кафулиња, ресторани и сите потребни содржини.
Имотите се распоредени на 2 нивоа, со вкупна површина од 80 m² плус 4,5 m² тераса: на приземјето има дневен престој со кујна и трпезарија, една спална соба (со можност за дополнителен кревет на метална или дрвена конструкција) и комплетно опремена бања, со директен излез кон дворот, додека на горниот кат се наоѓаат втората спална соба, уште една целосна бања и убава тераса со поглед.
Комплексот се гради според највисоки стандарди со премиум материјали, вклучувајќи Alumil столарија во премиум SABLE боја, 2 бањи опремени со туш кабини, 2 клима уреди и соларен бојлер од 160L, а завршувањето на изградбата и вселувањето се предвидени за јули 2027 година.

Контакт:
+38970 24 25 64
+30694 777 46 25

Квадратура: 92.5m2
Број на соби: 3
Спални соби: 2
Купатила: 1
Ентериер: Празен
Клима: Да
Централно греење: Не
mk_MKMacedonian