Се продава вила во Ханиоти Грција



















Продавам уникатна луксузна вила во Ханиоти, Грција, на ексклузивна локација, веднаш до море со своја плажа. Вилата е изградена во 2000 година и има 2 нивоа со прекрасна архитектура и висок квалитет на вградените материјали. Објектот е изграден на парцела од 2780 м² која се граничи со морето, а вилата е со површина од 500 м² плус 200 м² во тераси. Површината е распоредена на 2 нивоа: приземје + 1 кат, со мал подрумски дел како помошни простории, тоалети за користење при уживање во дворот или морето, котлара и остава.
На приземјето има пространа дневна соба со 2 места за седење и одмор, камин на дрва за зимски денови, тесно поврзана во отворен простор со трпезарија и посебна голема кујна, комплетно опремена со сите апарати и техника. Има и 1 голема спална соба, сосема одвоена од дневниот престој, во чии рамки има дел за спиење, соба гардеробер опремена со голем број вградени плакари со огледала, голема луксузна бања со модерна опрема и вградена керамика, како и излез на повеќе тераси и на централната која има поглед на базенот во дворот, кој има големина од 68 м² како и на тиркизното море.
На првиот кат има луксузна дневна соба со излез на огромна тераса опремена со седење и сончање и панорамски поглед на дворот и морето, како и 5 посебни спални соби со димензија не помала од 25 м², некои со излез на тераса, а секоја од спалните во склопот има своја бања со оригинална бренд опрема во неа.
Дворното место е оградено во целост, има влезна капија која се заклучува и посебен портал за влез на возила, каде можат да се паркираат 3-4 возила. Во задниот дел од дворот има мала посебна куќичка за послуга или за гости или “party room”, голем број на овошни дрва агруми, многу цвеќиња и различно зеленило. Предниот дел од дворот е уреден специјално за потребите на базенот околу него, патека која води до морето и секако многу различни палмини дрвја донесени одсекаде во светот. Објектот се продава наместен и опремен со сите потребни и “непотребни” апарати и мебел, има климатизација во сите соби и простории, опремен е со централен систем за греење на гас и низа други погодности за секојдневните потреби. Вилата се смета за ексклузивна и една од ретките уникатни вили по својата позиција и квалитет на Халкидики.
За сите дополнителни информации, не се воздржувајте да се јавите на тел. контакт +38970 24 25 64.